Мерката „Мој ДДВ“ нема да се укине, останува истата сума за поврат на пари, вели Димитриеска-Кочоска

„Има случаи каде што граѓаните скенирале фискални сметки кои УЈП им ги одбивала како да не е оригинална фискална сметка. Тие пријавувале, но не добивале повратна информација или реакција, што е преземено од страна на УЈП, односно не се преземело ништо. Има недоречености и во самиот ‘Мој ДДВ’, а тоа се работи кои ќе ги гледаме од страна на УЈП, кај граѓаните не се менува ништо“, рече министерката за финансии

Мерката „Мој ДДВ“ и натаму ќе биде во полза на граѓаните. Ќе се прават промени кои нема да бидат наменети за граѓаните, туку во системскиот дел на Управата за јавни приходи (УЈП). Ова во гостување во вестите на ТВ Сител го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска посочувајќи и дека мерката „Мој ДДВ“ останува со истата сума за поврат на пари кон граѓаните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување на ТВ Сител / Фото: Принтскрин

Корекции ќе направиме во еден дел, како што рече таа, каде што граѓаните не се директно засегнати. Тоа, според неа, повеќе ќе биде во делот на работењето на УЈП во спроведување на оваа мерка.

„Има случаи каде што граѓаните скенирале фискални сметки кои УЈП им ги одбивала како да не е оригинална фискална сметка. Тие пријавувале, но не добивале повратна информација или реакција, што е преземено од страна на УЈП, односно не се преземело ништо. Има недоречености и во самиот ‘Мој ДДВ’, а тоа се работи кои ќе ги гледаме од страна на УЈП, кај граѓаните не се менува ништо“,

рече таа.

За граѓанските обврзници, како државни хартии од вредност, како што посочи Димитриеска-Кочоска, нема да продолжат да се издаваат, сè додека, според неа, не се врати довербата во системот.

„И пред да станам министер велев дека за да имате интерес за купување на граѓански обврзници треба да имате доверба во институциите. Ние треба со дела да покажеме дека навистина тоа што го ветивме го остваруваме. Кога ќе го промениме системот и кога ќе ја вратиме комплетно довербата на граѓаните во државата, тогаш може да зборуваме и за граѓанската обврзница. Во овој момент тоа не може да го правиме“,

вели Димитриеска-Кочоска.

- Реклама -