Мерилин Монро и Елвис беа кумови на свадбата на Тони Цетински(ВИДЕО)

Пејачот Тони Цетински и Дубравка Дујак се венчаа во Лас Вегас, додена двојници на Елвис Присли и Мерилин Монро беа кумовите на венчавката.
Познатиот хрвтатски пејач Тони Цетински се ожени со својата одбраничка Дубравка Дујак (29) во Лас Вегас. Дубравка на својот Фејсбук профил објавила слика од венчавката, придружена со статусот „Невозможното стана возможно“, по што нејзините пријатели масивно им честитале.

Иако медиите предходно најавија дека кума на пејачот ќе биде Северина Вучкович, тоа не се случи.
Парот во петокот 17-ти јануари разменија завети во Викторината капела во Лас Вегас. Дубравка имала бела чипкаста венчаница која ја следела линијата на телото, со отворени раменици и бело крзно, додека Тони носел црн смокинг.

За целата церемонија да биде во духот на Лас Вегас, кумови на младенците беа Мерилин Монро и Елвис Присли.
Дубравка била толку возбудена што цело време ѝ се треселе рацете.

– Ајде, што си се уплашила- ѝ рекол Тони во еден момент, на што таа само се насмеала.

Погледнете како изгледаше тоа:

Додека на младата Дубравка ова ѝ е прв брак, искусниот пејач веќе има два брака позади себе- со Антонела Бутиган и Ивана Нобило. Цетински од двата брака има и две деца, син Кристијан (16) и ќерка Пие (3).

- Реклама -