Тој ја изневерваше кога и да имаше прилика, а таа сепак му простуваше. Сепак, се плашеше само од една од неговите љубовници.
Во книгата „These Few Precious Days: The Final Year of Jack with Jackie“ авторот Кристофер Андерсен тврди како Џеки Кенеди знаела апсолутно се за неверствата на нејзиниот сопруг, големиот американски претседател Џек Кенеди. Сепак, се се вртело околу жената која важела за секс-симбол на тоа време, Мерилин Монро, од која Џеки најмногу се плашела.
Според записите во книгата, Мерилин и се јавила на Џеки и и кажала дека спие со претседателот, и како тој планира да ја напушти и да се ожени со неа.
„Мерилин, ќе се омажиш за Џек, тоа е одлично. Потоа ќе се преселиш во Белата Куќа и ќе ги превземеш сите работи на првата дама, а јас ќе се иселам и сите проблеми ќе станат твои“, наводно и одговорила првата дама.
Мерилин била уверена како Џек ќе ја напушти сопругата за да се ожени со неа. Емоционално нестабилна, под влијание на дрога и алкохол, Мерилин се замислувала како прва дама и постојано за тоа зборувала со нејзините пријатели.
Андерсон тврди дека иако Џеки знаела за сите неверства на Џек, сепак, најтешко и паѓало токму ова, бидејќи се плашела дека тој навистина може да ја остави заради Мерилин.
На крајот, Џеки не само што му простувала за сите, туку и се обвинувала себе за тоа. Била уверена како причина за сето тоа е фактот што таа не му пружа доволно големо возбудување во креветот.