Мери Николова Буџаку: Премиер ќе биде Албанец, сакале вие или не

И ДУИ ќе биде дел од владата, и премиер ќе биде Албанец, тврди Мери Николова Буџаку – сопруга на директорот на Центарот за управување со кризи и кадар на ДУИ – Агрон Буџаку, а во времето на Шарената револуција една од поактивните учеснички.

„Ќе биде ДУИ!

Иако според изјавата на еден бивш Премиер не вреди 5 пари и треба да се пензионира, да замине во опозиција и да се релаксира.

Плус Албанец Премиер ќе биде. Сакале вие или не.

Убаво попладне и добро здравје ви посакувам. Кој има проблем со срце, Македонија располага со солиден кадар на кардиолози“, напиша Николова Буџаку на Фејсбук.

- Реклама -