Вашите зеници се проишируваат кога гледате нешто што за вас е привлечно. Сега во нова студија е откриено дека мерењето на реакцијата на зеницата може да ја одреди сексуалната ориентација на личноста.
Истражувачите од Корнел, Герулф Ригер и Рич Ц. Савин Вилијамс ги објаснуваат своите наоди. „Генерално, изјаснетата сексуална ориентација се совпаѓа со реакцијата на зениците и кај мажите и кај жените. Со други зборови, кај мажите кои се идентификувале како бисексуалци било забележано значајно проширување на зениците како реакција на двата полови.“
„Но кај жените значајно проширување кон двата полови било најчесто кај оние кои се идентификувале како хетеросксуални. Зениците реагираат многу брзо и без придонес од свесниот дел од мозокот“ објаснува Ригер „тоа значи дека тие ни даваат потсвесен индикатор за сексуалноста.“
Како што посочува Томас Х. Мо од L.A. Times, ова откритие не е нешто револуционерно, но го потврдува верувањето на истражувачите од полето на сексуалност „кое претходно не било значително истражувано“. Но она што е најинтересно кај оваа студија е што ни овозможува поглед во еволутивниот развој на сексуалните реакции. И кое е еволутивното објаснување за разликата во реакциите помѓеу половите?
Мо објаснува: „Откритието ја подржува идејата дека сексуалните реакции имаат различна биолошка функција кај мажите и жените. Кај мажите важна функција е олеснувањето на ерекција и пенетрација. Кај жените целта е стимулирање на лубрикација и спречување на генитални повреди – реакција која најверојатно се појавила рано во еволутивната историја како реакција на епизоди на силување. [Sexual orientation: The eyes tell all]