Модниот дизајнер Џереми Скот креира за салонот во Лос Анџелес несекојдневан изведба врз електричниот Ѕmart fortwo.
Малечкиот изгледа значително простран внатре поради изобилството од светлина и бели тонови, а уште поуникатен сепак е надвор, бидејќи задниот дел е украсен со вистински крилја, обоени во црвено и со врвни стоп-светла за огнен ефект.
Така Ѕmart прилега на мала градска ракета. Името на специјалното издание е Ѕmart forjeremy. Лимитираното издание беше претставено на специјален настан во студио Jim Henson каде во позадина беа музичките изведби на MIA, пред да блесне на салонот во Лос Анџелес.
Според дизајнерот крилја се симбол на слобода и леснотија. Автомобилот е со 55 KW електромотор, познат од Ѕmart fortwo. Забрзувањето до стотка е за 4,8 сек, а максималната брзина е 125 km/h. Батеријата е 17,6 kWh и овозможува автономија од 145 км во градскиот сообраќај без никакви емисии.