Македонскиот електропреносен оператор (МЕПСО) АД Скопје се соочува со кибер напад, но, како што соопшти денеска прес-тимот на МЕПСО, целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени.
Од МЕПСО истакнуваат дека критичната електронегетска инфраструктира не е предмет на нападот, безбедна е и целосно функционална.
– Во услови кога целиот свет се соочува со негативен глобален тренд на кибер напади и нашата компанија не остана имуна на тоа. Иако АД МЕПСО ги има превземено сите мерки за заштита од кибер напади од највисок степен сепак деновиве се соочивме со инциденти од тој вид. Имајќи предвид дека основната дејност на АД МЕПСО е пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем ја информираме јавноста дека крититичната електроенергетска инфраструктура е безбедна, целосно функционална и не е предмет на овој кибер напад. Тоа значи дека целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени, наведува МЕПСО во соопштение.
Оттаму велат дека инцидентот е пријавен кај сите надлежни институции согласно препораките и правилата за кибер безбедност.
Од страна на нашите стручни служби се преземени сите мерки за ублажување на ефектите од овој кибер напад и во соработка со експерти од областа работат на нормализирање на секојдневната работа на компанијата, се наведува во соопштението.