Во интерес на целосно и објективно информирање на јавност, а во врска со информации кои беа лиферувани, а се однесуваат на прекин во снабдувањето со електрична енергија на населби од централното подрачје на Градот Скопје информираме за следново:
„МЕПСО во ниту еден момент не го оставил без напојување со електрична енергија приклучното место на кое се поврзува електродистрибутивниот систем во трансформаторската станица „Скопје 3“. Стручните тимови на МЕПСО веднаш излегоа на терен и проверките утврдија дека денеска немало дефект ниту прекин во напојувањето со електрична енергија од трансформаторската станица „Скопје 3“ на која е поврзана електродистрибутивната мрежа.
‘Повеќе информации за причините за прекините во снабдувањето со електрична енергија ве упатуваме да побарате во Операторот на дистрибутивниот систем.
Објавените информации се погрешни и се пласирани пред да заврши целосната проверка на фактичката состојба со цел утврдување на причините за прекините во снабдувањето со електрична енергија.
‘Овој чин на објавување не е во функција на градење и јакнење на меѓусебна доверба и партнерски односи меѓу компаниите кои оперираат со преносниот и со дистрибутивниот систем. МЕПСО како и секогаш досега ќе остане отворен за соработка со единствена цел непрекинато и сигурно снабдување на сите потрошувачи со квалитетна електрична енергија.“