Мендух Тачи беше кандидат за пратеник на „Европскиот фронт“ во Изборната единица 6. Со неговото заминување, коалицијата ќе падне на 17 пратеника во Собранието
Неофицијалната информација која деновиве кружеше во медиумите, дека Демократската партија на Албанците на Мендух Тачи повеќе нема да биде дел од „Европскиот фронт“, вечерва се официјализише и лично ја потврди токму Тачи во неговото гостување на телевизија Клан Македонија.
„Сто дена се малку за да се анализира работата на една Влада. Причината зошто отсуствував на прес-конференцијата за стоте дена за владеењето на Владата организирана од „Европски фронт“ е поради тоа што јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од фронтот“,
рече Тачи.
Тој оцени дека ДУИ ја поразила коалицијата „Вреди“ во секоја смисла и оти нема сомнеж дека ДУИ е политичка сила во земјата.
„ДУИ има бројки, има пратеници. ДУИ го победи ВЛЕН по бројност, по пратеници, по се. Никој не може да ме убеди дека ВЛЕН е појак од ДУИ. ДУИ може дури и да наметне некакво дејство за уставните амандмани затоа што мислам дека имаат капацитет и можат да изберат форма“,
рече лидерот на ДПА.
Мендух Тачи беше кандидат за пратеник на „Европскиот фронт“ во Изборната единица 6. Со неговото заминување, коалицијата ќе падне на 17 пратеника во Собранието.
Од „Европскиот фронт“, предводен од Демократската унија за интеграција, одбегнуваат да ја коментираат информацијата дека Тачи ја напушта коалицијата.
Координаторот на пратеничката група на „Европски фронт“ Блерим Беџети, денеска, одговарајќи на новинарско прашање, само кратко рече дека пратеничката група функционира во полн состав.