Влада без Албанци не може да има, таков потег може да доведе само до војна, изјави лидерот на ДПА – Мендух Тачи, во интервју во емисијата „Изборни дебати“, пренесува „ТВ21“.
Тачи го обвини лидерот на ДУИ дека е манипулатор кој провоцира одредена ситуација:
„Али Ахмети вели дека се партија за интеграција, а 20 години наназад е националистичка партија. Тој е прав манипулатор кој провоцира одредена ситуација“, рече Тачи.
„Значи, вие велите дека има Влада без Албанците?“, следуваше прашање, а Тачи појасни:
„Не, чекајте, не ме оставивте да завршам. Нема Влада без Албанците, може да има војна“. Видеото ТУКА.