Мемеди: Информациите што неофицијално се лиферуваат од Детската клиника, често имаат политичка тенденција

Информациите кои неофицијално се лиферуваат од Детската клиника често имаат политичка тенденција, а за информаторите не е важен животот на децата, туку директорската фотелја!

Децата ни се најомилени, животот на секое дете вреди повеќе од сé, но за волја на вистината и за правилно информирање на јавноста, принуден сум да објавам официјални статистички податоци од Детската клиника!

Во оваа табела јасно се гледа дека во изминатите години – кога се знае кој бил на власт – стапката на смртност во Детската клиника била и до 3 пати поголема во однос на годинава! Просечно имало и по 9 смртни случаеви месечно!

За овие официјални информации и други, следната недела ќе ја запознаена целокупната јавност преку медиумите, на прес конференција.

Прочитајте и:  ДСЗИ парично ја казнува Детска клиника поради недостатоци во работата

Во овие 4 месеци додека сум в.д директор на Универзитетската клиника за детски болести, додека ја скенирав состојбата на Детска Клиника наидов на многу проблеми наталожени и нерешени со години!

Некои од нив се високоризични дефекти, кои итно ги адресиравме и сега сме во фаза на нивно санирање.

Јавноста ќе биде навремено информирана за сите работи што ги реализираме на Клиниката за детски болести.

Објава на „Фејсбук“ на директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди

- Реклама -