Мел Гибсон има намера да застане зад камерата и да го режира продолжението на за многумина најголемиот хит во неговата кариера – „Страдањето на Христос“ (The Passion of the Christ), од 2004. Сценаристот Рендал Валас – авторот на режисерското деби на Гибсон и оскаровецот „Храбро срце“ (Braveheart), рече дека работи на продолжение на филмот за Исус, кој во сликовити, крвави детали ќе ги прикаже последните 12 часови од животот на Исус. Нормално, главната тема ќе биде воскреснувањето на Исус.
Гибсон падна во втор план на холивудските рефлектори откако во 2006 беше запрен заради пијано возење, по што им приреди расистичка и сексистичка тирада на полицајците што го апсеа. Оттогаш наваму пополека се враќа на сцената со филмови како The Beaver, Machete Kills, и The Expendables 3, а сега го завршува и последното режисерско дело – Hacksaw Ridge – исто така напишан од Валас. Во филмот се зборува за доктор од армијата на САД, кој одбива да носи оружје заради неговите религиозни убедувања.
Иако Валас признава дека е рано да се зборува за потенцијалното финансирање на продолжението на The Passion of the Christ, ама лесно е да се разбере зошто Мел Гибсон сака да ѝ се врати на приказната. Оригиналниот филм беше снимен за само 30 милиони долари, а заработи преку 611 милиони ширум светот, правејќи го најуспешниот независен филм во историјата. Толку добро помина што до скоро беше и филмот со најголема заработка, а со рејтинг R (за над 17 години), сé до моментот кога не беше поминат од Deadpool порано годинава.
„Евангелистичката заедница го смета Страдањањето на Христос за најголемиот филм излезен од Холивуд, и се убедени дека продолжението би било уште поголемо“, вели Валас за the Reporter. Па, можеби и нема потреба за загриженост околу финансирањето.