Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Меккејлеб се врати на терените по повредата, а неговиот тим Фенербахче славеше убедлив триумф (85:68) над Олимпија во Евролигата.
Извонредниот бек на турскиот тим одигра 17 минути и постигна 13 поени, а имаше фантастичен процент (85%) во ударите за два поени.
Фенербахче уште по првите две четвртини покажа дека е огромен фаворит во дуелот со Олимпија, првата ја доби со 22:12, а втората со 21:14 и на одмор замина со убедливи 17 поени предност.
Потоа се до крајот, натпреварот претставуваше само рутина за турскиот состав, по што шанса добија и резервистите од клупата.