Лестер „Бо“ Меккејлеб и тимот на Монтепаски Сиена поведоа со 2:0 во полуфиналната серија од плејофот во Италија, откако на домашен терен убедливо го совладаа Сасари со 92:66.
Разликата во класи е повеќе од очигледна, а „Банкарите“ само ја потврдија на паркетот. Веќе по првата четвртина водеа со 15 поени разлика (29:14), а разликата само растеше до крајот на мечот.
Меккејлеб на овој меч постигна 13 поени, со што беше најефикасен во победничкиот табор, а мора да се напомене дека поголемиот дел од последниот период го преседе на клупата. Монтепаски имаше убедлива предност, па шанса да играат добија и резервните кошаркари на овој тим.
Објавено во соработка со Екипа.