Меки и посни кифлички

Во пресрет на посниот голем празник Свети Никола, денеска учиме како да направиме посни кифли.

Состојки:

1кг. брашно

1/2л. минерална газирана вода

1 квасец

4 лажици шеќер

3 лажички сол

1 лажица вински оцет

10 лажици зејтин

1 маргарин (посен)

100 гр. сусам

1-2 лажици посен сенф

Подготовка:

Квасецот се меша со малку шеќер , малку брашно и малку минерална газирана вода ,се остава да стаса.

Во вангла се ставаат брашното и останатите состојки, потоа се истура квасецот и убаво се меси тестото.

Потоа се прават мали топчиња и се редат на подмачкана подлога со зејтин. Кога ќе сенаправат топчињата и одозгора се премачкуваат со зејтин за да не фатат кора.

Се прават кифли и се редат во плех претходно премачкан со маргарин. Кога ќе стасаат кифлите се премачкуваат со сенфот ( сенфот се меша со малку вода и неколку капки зејтин) и одозгора се става сусам па потоа по едно парче маргарин на секија кифла.

Се печат во претходно загреана рерна на 220 степени.

Кога ќе се испечат се вадат од рерна и се покриваат со крпа.

Убав апетит.

- Реклама -