Мејзи од Полска би можела да стане најмалото куче во светот

Во свет во кој сè станува многу поголемо, најдобриот пријател на човекот се смалува.

Прво Бијонси, малото кученце кое се сместуваше во лажица кога се роди во март и две недели подоцна беше колку iPhone. Потоа се појави Мили, малата чивава од Порто Рико која мораше да биде хранета со шишенце од капки за очи кога беше родена во Јануари и беше висока само околу 76 милиметри на три месечна возраст.

А сега тука е Мејзи, мал териер од Полска кој тежи само 44,79 грама кога се родила пред три месеци. Сопственикот на Мејзи, Ана Пол од Јарочин, Полска, за нејзиниот локален весник изјавила дека ѝ било страв дека кученцето ќе умре и дека била потребна целата нејзина сила за Мејзи да преживее.

Прочитајте и:  Реконструирано лицето на полската „вампирка“ која живеела пред 400 години

„Првите шест недели беа најлоши“ додала Пол која ја хранела Мејзи со шприц. „Воопшто не спиев. Ја хранев ден и ноќ, секој триесет минути. Некогаш губев сила и морав да не одам на работа.“ Мејзи ја достигнала својата сегашна тежина од 92,1 грам но според ветеринарите ќе продолжи да расте.

Тоа значи дека кога Бијонси, Мили и Мејзи ќе наполнат една година тие три ќе се натпреваруваат за Гинисов рекорд „Најмало куче во светот“. Натпреварувањето ќе биде доста блиско со оглед на тоа што сегашните рекордери, долговлакнеста чивава Бу Бу од Кентаки е најниското куче со висина од 10,16 сантиметри а чивавата Хевен Сент Бренди од Флорида е најкусото куче со должина од само 15,24 сантиметри „од носот до врвот на опашката“.

- Реклама -