МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЛАДИТЕ 2017 на Охридско лето

По повод Меѓународниот ден на младите 12 август, на меѓународниот културен и сценски фестивал Охридско Лето под покровителство на Министерството за Култура, во Охрид на истиот датум 12.08.2017 год. планирана е реализација и изведба на мултимедијален сценски фестивал на младите – СВЕТОТ НА МЛАДИТЕ.

ДЕТСКИ СВЕТ – СВЕТОТ НА МЛАДИТЕ е проектна иницијатива замислена и организирана од Дејан Лилиќ, Центарот за Креативен Развој од Скопје и Арт Вивенди во соработка со Министерството за Култура, Охридско Лето, ЗОО Градината од Скопје, Сојузот на извидниците на РМ, Младинската асоцијација на средни стручни училишта – МАССУМ и средните училишта од РМ – М.Пупин, П.Караѓозов, В.А.Дрен, К.Рацин, И.Н.Луј од Скопје и Ј.Сандански од Струмица…

Во периодот од месец март до средината на месец јуни, 2017 г. извршена е прво широка, па потоа потесна селекција, на некои од најдобрите во моментов, музички, театарски и модни креативни средношколски тимови, арт лидери на РМ. По селекцијата и изборот на претставниците од средните школи следат заедничките работилници и проби со ментори и професионалци, се со цел усовршување на настапите, вештините и тимските способности.

Во моментов тече подготовката на официјалната програма и сценариото на СВЕТОТ НА МЛАДИТЕ и музичките арт презентации на средношколците и нивните тимови пред публиката, по повод Интернационалниот ден на младите 12 август, на фестивалот Охридско Лето.

Програмата на фестивалот СВЕТОТ НА МЛАДИТЕ планирано е да опфати сценска презентација на музичките победници на МАССУМ Образовното рандеву 2017 од повеќе насочени средни училишта од РМ. Настанот ќе да биде поставен на сцената – Долни Сарај  во термини одбрани во периодот од 12ч до 17ч на 12.08.17 (сабота).

На сцената пред публиката ќе се претстават во кабаре формат, со свои уметнички точки и дела, некои од најспоменуваните, најнаградуваните и најквалитетните средношколски музички, новинарски и видео тимови од РМ.

Фестивалот, целиот настан, како впрочем и целата подготовка на проектната иницијатива ДЕТСКИ СВЕТ / СВЕТОТ НА МЛАДИТЕ, медиумски комплетно ќе биде промовирана, покриена и презентирана во медиумскиот простор во форма на документарен краткометражен забавен филм, изработен од средношколски новинарски тимови, подржани од професори ментори и координатори.

Замислата и целта на организаторите е ако не на овој, тогаш веќе на следниот Ден на младите, 12 август 2018, покрај најдобрите домашни средношколски арт тимови, на сцената на Охридско Лето да се претстават и креативни тимови од градови од соседството, регионот, ЕУ и пошироко.

Иницијативата СВЕТОТ НА МЛАДИТЕ во своето продолжение веќе следната учебна година ќе ги разгледа аспектите на социјален развој на младите, мирот и безбедноста. Поконкретно, преку широка и повеќеслојна соработка, непрекината комуникација и доедукација на спектри од таргети ќе се цели да се допрат, а воедно и покријат некои од темите, пристапот и предизвиците на социјалната вклученост на младите во однос на промоцијата и одржувањето на мирот и безбедноста.

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЛАДИТЕ 2017 

Интернационалниот ден на младите е ден посветен на глобалната свесност за младите.

Како таков е востановен од Обединетите Нации во 1999 година со Резолуцијата 54/120, а од 2000та година обичај е Интернационалниот ден на младите да се прославува во различен дух и со различно мото на секој 12ти август,.

Целта на овој ден е да се нагласи вниманието од потребата за ревидирање на начините како на младите да им се помогне подобро да се прилагодат, доживеат и реализираат себе во современото и модерно општество насекаде низ светот.

Со ревијално прославување на овој ден, 12ти август, секоја година се цели на владите и останатите да им се даде можност да пројават и покажат свесност за потребите на младите ширум светот.

За време на Интернационалниот ден на младите низ светот секоја година под различно мото се организираат многубројни концерти, работилници, културни настани и средби на национално и локално ниво, се со цел подигнување на глобалната свест за проблеми кои ги допираат младите низ реализација на разновидни заеднички проекти на младите со спектри на организации и лица од јавниот сектор.

МЛАДИТЕ ГРАДАТ МИР е слоганот и мотото со кое оваа година Интернационалниот ден на младите 2017 и Обединетите Нации ќе пробаат гласно и на глобално ниво да соопштат и воочат на растечкиот факт на спознание дека младите како носители на промената, се критичните актери во превенцијата на конфликти и одржливоста на мирот.

Со мотото МЛАДИТЕ ГРАДАТ МИР,  Интернационалниот ден на младите 2017 ќе го прославува придонесот на младите во превенцијата на конфликти и трансформацијата на општеството, како и инклузијата, социјалната правда и одржливиот мир.

Во време кога младата популација со својата бројност го бележи својот историски максимум, очигледни се податоците дека на глобален план, во земјите и регионите во конфликт, токму младите се најзагрозени и го сочинуваат најголемиот дел од населението во конфликтните зони. Од оваа причина, демографски императив е земањето предвид на потребите и тежнеењето на младите по прашањата за мир и безбедност.

Уште една резолуција на Советот за безбедност, Резолуцијата 2282 (2016) наведува дека степенот и предизвикот на одржување на мирот побаруваат партнерство помеѓу чинителите, вклучувајќи ги и младинските организации. Таа исто така ја потврдува значајната улога која младите може да ја играат при спречувањето и решавањето на конфликти, како и дека се клучен составен дел при обезбедувањето успех како на одржувањето на мирот, така и на напорите за градење мир.

СПИСОК НА МЕНТОРИ И УЧЕНИЦИ ЗА ОХРИД 2017:

СТРУМИЦА

Ментор професор – Катерина Ќосева и Денис Кирчанов

Бенд:

  • Ивана Гушева – вокал
  • Александар Цамбулев – бас гитара
  • Зоран Трендов – соло гитара
  • Стојан Велков – ритам гитара
  • Џоко Ѓоргиев – тапан
  • Димитар Бајрактаров – клавијатура

СКОПЈЕ

ДСМБУЦ „Илија Николовски Луј“

Ментор професор Марина Стојановска

  • Јана Димовска
  • Михаела Перевска
  • Валентино Стојановски
  • Магдалена Анѓеловска

СМУГС „ Д-р Панче Караѓозов“ 

Ментор професор – Лидија Пшенко

  • Вероника Илиевска гитара, вокал
  • Христина Милеусниќ вокал
  • Верица Стојковска вокал
  • Ивона Трпчевска гитара
  • Марија Јанчева вокал со матрица
  • Вероника – модерен балет / танц

СУГС „ Владо Тасевски“

  • Александар Мишовски гитара

СПЕУГС „Васил Антевски Дрен

Ментор професор – Кристијан Стојановски

  • Октај Далип – клавијатура
  • Никола Стефковски – гитара
  • Ребека Селмановска – виолина
  • Стефан Трајкоски – гитара
  • Марија Дуева – тапани
  • Зорана Таневска – вокал
  • Емилија Трајкоска – соло

Новинарски (видео – фото  тим) и водителски тим

Ментор професор – Маја Миневска

  • Петар + 2 – Михајло Пупин
  • Димитар, Иван и Вероника– П.Караѓозов
  • Еми – К.Рацин
  • Дамјан Клинчаров – Орце Николов
- Реклама -