Меѓународен детски фолклорен фестивал “Паланечка тројка”

Од 12 ти до 13 јули на Плоштад “Карпошово востание” во Крива Паланка, со почеток од 20:00 часот ќе се одржи Меѓународниот детски фолклорен фестивал “Паланечка тројка” – ревија на фолклор, традиција и култура во изведба на повеќе од 400 млади играорки и играорци од земјава и соседството.

Публиката во “Градот на културата” ќе има можност да ужива во настапите на младите чувари на битот и традицијата од: Струга, Битола, Бујановац, Република Србија, Неготино, Кочани, Кратово, Демир Хисар, Скопје и од градот -домаќин, Крива Паланка.

- Реклама -