Меган Фокс и Мајкл Беј по се изгледа ги средија недоразбирањата откако денес Беј на својата страна напиша „TMNT: Ја враќаме Меган Фокс назад во фамилијата“. Несогласувањата избија пред третото продолжение на Transformers, кога и јавно се навредуваа, а нејзина замена беше Рози Хантингон-Вајтли.
Сега Фокс е избрана да ја толкува улогата на Ејприл О’Нил во римејкот на Нинџа Желки кој е продуциран од страна на Беј.
Филмот ќе се појави во киносалите на 14ти мај 2014 година.