Меџити: Рано е да се говори за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, во новата Влада нема да влеземе по секоја цена

Во принцип можам да подвлечам дека за албанската опозиција е многу битна политичката ориентација на македонските партии односно во новата Влада нема да влеземе по секоја цена, туку ќе бараме прво да се ориентираат кон интегративниот процес, уставните промени, затоа што цениме дека тоа е единствена алтернатива за граѓаните во Македонија.

Ова го изјави Изет Меџити, лидер на Демократското движење во гостувањето во дневникот на Сител телевизија, одговарајќи на прашањето дали имаат против коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека е рано за тоа да зборуваме и нагласи дека прво претендираат да се консолидираат, да победат во албанскиот блок, па потоа, како што рече, да бидеме дел од новата влада.

Прашан дали освен трите партии, што се дел од опозицискиот блок, имаат разговори со други политички партии и дали е можна соработка со дел од опозицијата што се дел од македонските партии, Меџити нагласи дека треба да се забележи оти првпат после 20 години во албанскиот блок на политичката сцена има опозициски блок што го претставуваат Демократското движење, Движењето Беса и Алтернатива. Опозицијата да беше обединета, неколку пати ДУИ ќе беше опозиција, а тоа беше 2016 година и во 2020 година.

– ДУИ веќе е длабоко навлезен во криминал, во казино бизнисот, секој ден се отвораат во нашите маала брзи кредити, рече меѓу другото Меџити.

На прашањето што е поверојатно дали да се случат предвемени парламентани избори, како што е и барањето на БЕСА или да се случат уставни измени, Меџити, во дневникот на Сител, потенцира дека тие зборуваат за европски интеграции и за европски вредности, но, како што рече, секојдневно се соочуваме со злоупотреба на европското знаме за амнестија на корупција и на криминал. Правната држава, истакна тој, не функционира и секојдневно се руши угледот и довербата во правниот систем.

Прочитајте и:  Ден на албанската азбука: Ниту едно добиено право не може да се укине или ограничи - му порача Меџити на Уставен суд

– И покрај тоа ние како Демократско движење и албанска опозиција, велиме дека приоритет се уставните промени, но секој ден се уверуваме дека оваа власт не работи на тој план, туку сака по секоја цена да си купат ден повеќе за владеење, корупција и за урување на правниот поредок, рече Изет Меџити, лидер на Демократското движење.

За измените на Кривичниот законик, Меџити потсети дека пратениците од Демократското движење појасниле дека тоа има две насоки, едната се однесува на враќањето на Никола Груевски и истите структури кои, како што рече, помогнаа тој да избега од Македонија, а тоа е јавна тајна, а сега подготвуваат терен да го враќаат во државата.

-Второ е пораката дека оваа власт и самите гледаат дека треба да преминат во опозиција и да си мислат на самите себе си, и затоа прават вакви промени за полесно да поминат во политичкото пензионирање, оцени меѓу другото Меџити.

Во однос на подготовката на Законот за амнестија, за кој власта тврди дека целта била да се испразнат полните затвори, лидерот на Демократското движење смета дека е лоша порака до актуелните и идните функционери бидејќи, потенцира, ова ги поттикнува на корупција и на криминал.

– Ова е втора фаза после измените на Кривичниот законик. Се најавува и амнестија, тоа што не е затворено со првото, да се затвори со амнестија. Ова не оди во прилог ниту на интегративните процести, ниту на правна држава, ниту на просперитетна држава, рече Меџити.

МИА

- Реклама -