„Медена земја“ остана без Оскар, но е потполно нов тип на победник

Тамара Котевска, Љубомир Стефанов, Атанас Георгиев, Самир Љума, Фејми Даут, и пред сѐ ѕвездата на филмот – Атиџе Муратова, немаа среќа успехот со „Медена земја“ да го комплетираат со црешата на шлагот на тортата – Оскар. Иако „медените“ беа номинирани во две категории, во категоријата „Најдобар странски филм“ статуетката им ја укpaде јужнокорејскиот „Паpaзит“ на Бонг Џон Хо (кој беше прогласен и за Најдобар филм, а собра и Оскар за Најдобар режисер и Најдобра монтажа), додека во категоријата Најдобар документарен филм Американската филмска акдемија за најдобар го прогласи „Американска фабрика“ на Стивен Богнар и Џулија Рајхарт.

Сепак, „медените“ не останаа без признание. Корежисерката на „Американска фабрика“, прифаќајќи ја статуетката, порача дека се горди што се во тоа друштво на номинирани:

„Уште пред тоа плико да биде отворено, самото тоа да се биде во друштвото на нашите сестри и браќа документарци, кои ги pизикyваат нивните животи правејќи приказни, носејќи ни приказни за бoлници кои се бомбapдирани во Сирија, за Бразил, за Македонија, ние бевме толку горди. Инспирирани сме од вас, момци“.

Бонг Џон Хо, пак, директно го адресираше „Медена земја“. Тој изрази поддршка за промените што Академијата ги воведува во категориите:

„Самото тоа што Академијата го номинираше ‘Медена земја’ во оваа категорија е голем успех и за филмот и за Македонија“, рече Бонг Џон Хо.

На крајот, иако без Оскар, со својата двојна номинација „Медена земја“ испиша не само македонска, туку и Оскаровска историја. Или со зборовите на Ерик Кон – главниот филмски критичар на IndieWire:

„ …Дури и да не добие Оскар, исклучителна реткост е што воопшто гледаме ваква суптилна кинематографска уметност да биде признаена, но и закитена со двојна номинација, што само по себе го прави ‘Медена земја’ потполно нов тип на победник…“, напиша тој.

И од тимот на „Медена земја“ не се премногу разочарани.

„Сепак, и покрај тоа што „Медена земја“ не доби Оскар, сосема сме свесни за големината на овој филм, за значењето на пораката што ја пренесува, за силата на бескрајните приказни што се кријат во оваа земја и за многуте наши талентирани уметници кои знаат како тие приказни да ѝ ги покажат на публиката. Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата. Не можеше да се предвиди дека нашиот филм ќе влезе во историјата на Македонија и во историјата на номинациите за „Оскар“. „Медена земја“ истовремено беше номиниран во две категории, за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм, затоа што универзалноста на приказната и јазикот на филмот ја даваат неговата компетентност и сила да се натпреварува со останатите номинирани. Кога го промовиравме филмот на фестивалот „Санданс“, пред повеќе од една година, не се ни надевавме дека ќе стигнеме толку далеку. Им се заблагодаруваме на сите што веруваа во нашиот мал филм и нè поддржуваа, а особено му се заблагодаруваме на дистрибутерот „Неон“ за вербата во моќта на кинематографијата и во смелото раскажување приказни. На крај, би сакале да ѝ се заблагодариме на нашата водечка ѕвезда, Атиџе Муртова што ни дозволи да влеземе во нејзиниот прекрасен свет. Филозофијата на Атиџе ‒ земи половина, остави половина ‒ е едноставна, но длабока. Тоа е порака во којашто може да се пронајде секоја публика. Горди сме што сме гласниците на таа порака.“

И главната протагонистка на документарецот, Атиџе Муртова, од Лос Анџелес ја упатува својата порака:

„Мојот живот по снимањето на филмот драстично се промени. Сега имам нова куќа, и сѐ станува подобро и подобро. Сакам публиката да извлече само една порака од филмот: како што јас споделувам со своите пчели, така сакам и сите луѓе да споделуваат едни со други“, порача Атиџе.

Комплетната листа на добитниците на Оскар можете да ја видите ТУКА.

- Реклама -