Русинката Наталија Пастернак (55) заврши во болница каде се бори за живот откако мечка жива ја закопа со надеж дека подоцна ќе ја изеде.
Наталија со пријателката шетала низ шумата во Амурскиот регион, во источниот дел на Русиј,а кога ги нападнала мечка, пишува Индепендент, повикувајќи се на руските медиуми.
Пријателката успеала да избега и да повика помош. Спасувачите пристигнале на местото на настанот и ја застрелале мечката, четиригодишна женка. Тогаш забележале како крвава рака излегува од грмушките и лисјата.
И покрај сериозните повреди, Наталија била жива и во свесна состојба. Нејзиното прво прашање беше: „Дали ја убивте мечката?“.