Мече спасено од пожарите во Сибир не престанува да го гушка човекот што го спасил (ВИДЕО)

Иако во последните денови се локализирани повеќе пожари на територија сибирската република Јакутија, пожарите во Сибир и понатаму беснеат, а рускиот претседател Владимир Путин беше приморан да нареди мобилизирање на дополнителни екипи. Според последните податоци од руските власти, пожарите зафатиле површина од најмалку 1.2 милиони хектари.

Пожарите во Сибир одново ја разгорија и дебатата за човечкиот импакт во сето ова што се случува во природата. Да, во Сибир и порано имало големи пожари, но како што велат официјалните лица, не од толкави размери. Овојпат тие се помогнати и од климатските промени, велат дел од експертите.

Во меѓувреме, политичарите не прават доволно или воопшто ништо за ублажување на климатските промени, а граѓаните не прават доволно или воопшто ништо за да ги натераат политичарите да направат нешто. Една од причините е што можеби не ги гледаме реалните последици од истите, или во случајов, последиците од пожарот. А ги има. По интернет можат да се најдат низа фотографии од буквално спржени животни во пожарите во Сибир. Ќе ве поштедиме од нив, доволно е да ја имате менталната слика. Наместо тоа, повелете едно крајно емотивно видео од мало мече спасено од пожарите, кое одбива да го пушти од прегратка човекот кој го спасил. Наводно видеото е од пожарите во Сибир, но и да не е, зар тоа менува нешто?

- Реклама -