Сите оние кои се заљубени во културата и боите на Африка, уште на прв поглед ќе ги освои оваа необична гарнитура. „M’Afrique“ е колекција мебел создадена од италијанскиот бренд „Моросо“, а изработена со помош на многу познати мајстори од Сенегал. Колекцијата за прв пат беше претставена на саемот во Милано минатата година, а на неа работеа околу 25 луѓе.