Слободно можеме да речеме дека Бред Пит е актерска легенда. Но, дали знаевте дека исто така е и талентиран дизајнер на мебел?
Заедно со познатиот мебелски производител, Френк Поларо, креираа колекција позната по слоганот „Дизајнирано од Пит, направено од Поларо. Произведено во САД“.
Пријателството и соработката датираат уште од 2008-ма, кога Пит порачал работна столица за својот дом во Франција. Попатно, Поларо забележал дека актерот има префинет вкус, но и скици од разни парчиња мебел. Следувала понуда да ги преточи неговите идеи во реалност.
Бред за прв пат ги има вмешано прстите во областа на дизајнот во 2006-тата, кога заедно со познати архитекти, бил задолжен да обезбеди дом и мебел за жртвите на ураганот Катрина, во Њу Орлеанс.
Еве дел од парчињата со потпис на актерот.