Мажите и жените ги гледаат боите различно

Истражување покажало дека машкиот и женскиот мозок ги регистрираат боите на различен начин.

Ова значи дека ако двата полови гледаат во портокалово, за мажот таа ќе делува поцрвено отколку за жената. Слично, тревата изгледа пожолто за мажите а позелено за жените. Разликите не завршуваат таму. Експериментот на City University of New York покажал и дека мажите имаат проблем со разликување на мали разлики во нијанси на жолта, зелена и сина боја.

Ефектот е доста мал но значи дека одбирањето на нијанса од десетици бои е работа за жените. Интересниото откритие било направено од експерименти во кои на мажите и жените им биле покажани блесоци светлина и од нив било побарано да ја идентификуваат бојата на светлината.

Сите учесници имале нормален вид и никој не страдал од далтонизам, особина која е почеста кај мажите отколку кај жените. Истражувачот Израел Абрамов вели дека разликата помеѓу идентификувањето на бои кај половите не може да објаснета со разлики во структурата на окото.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Ова значи дека одговорот мора да се бара во мозокот каде што тестастеронот најверојатно влијае врз анализирањето на информациите кои доаѓаат од окото. Професорот Абрамов, кој ја опишал разликата помеѓу половите како „мала но доста реална“ изјавил: „Имаме хипотеза дека тестастеронот има важна улога и некако води до различни поврзувања во мозокот кај мажите и жените.“

Тој не знае колку оваа разлика е значајна надвор од лабораторијата. Видот не е единственото сетило кое функционира различно кај половите. Според Biology of Sex Differences жените имаат подобар слух и попрецизни сетила за вкус и мирис. Мажите се подобри во еден аспект. Според неколку експерименти мажите се подобри во детектирање на ситни детали во движења – особина која би значела дека нашите машки претци биле добри ловци.

- Реклама -