Мажите откриваат што најмногу сакаат кај жените

Веќе не мора да се прашувате какви жени сакаат мажите, бидејќи новата анкета на магазинот „Vanity Fair“ го дава одговорот на ова прашање.

Анкетата на магазинот „Vanity Fair“ имаше за цел да го открие размислувањето на мажите за совршената жена. Сепак, две третини признаваат дека ваквите жени тешко се наоѓаат.

Имено, 17% од испитаниците рекле дека смислата за хумор им е најважна кај жените, 33% изјавиле дека „паѓаат“ на интелегенција, додека кај 40% од мажите пресуден бил мајчинскиот инстинкт.

Да бидете добри готвачки е важно само за 3% од мажите.

Верувале или не, но жешкиот сексуален живот е важен исто само за 3% од мажите, а чекајте да го слушнете ова: само 1% верува дека физичкиот изглед е пресуден.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

На прашањето која телевизиска личност претставува идеален пример за совршена девојка, 23% од мажите ја одбрале Пени од серијата „The Big Bang Theory“.

kaley cuoco images

- Реклама -