Мажите изложени на стрес се склони кон девојки со облини

Супер слабите девојки веќе одамна излегоа од мода и престанаа да бидат привлечни за поголемиот број на машкиот род, а за тоа е дополнително виновна економската криза која владее низ светот.

Британските научници тестираа 80 мажи со просечна тежина. Ги поделија во две групи, па половина од нив учествуваа во разговори со цел на испитаниците да им создадат чувство на непријатност и стрес.

После тие разговори гледале фотографии на кои се наоѓале жени со различни телесни градби. Резултатите биле и повеќе од интересни. Речиси ниеден непотресен маж не покажал интересирање за жени со големи гради, додека оние кои доживеале стрес се насочувале кон жени со исклучиво бујни облини.

Научниците тоа го поврзале со економската несигурност и моменталното несигурно секојдневие. Имено, мажите потсвесно веруваат дека жените со поразвиени гради, се и психички и карактерно посилни, па се во состојба полесно да се изборат со секојдневните кризни ситуации.

- Реклама -