Не сакате да ѝ помагате на својата партнерка во кујната? Можеби треба да размислите повторно, бидејќи тоа е местото кое го крие патот до повеќе секс.
Што повеќе работи прават паровите заедно, толку повеќе имаат секс, покажало едно канадското истражување во кое биле влкучени речиси 2000 двојки.
„Жените своите чуства кон мажите ги создаваат врз основа на перцепцијата која укажува колку мажите помагаат во домаќинството. Ако мажите не помагаат доволно, двојката има полош сексуален живот. Оние кои се трудат и работат напорно, уживаат во многу повеќе и поквалитетен сексуален живот, а воочено е дека жените особено го наградуваат оние партнери кои чистат со правосмукалка“, објасниле експертите кои работеле на студијата.
Ова не е нова студија во кое се покажува дека зафатениот начин на живот и времето поминато работејќи заеднички задачи не одзема време за здрав сексуален живот меѓу партнерите.
Едно американско истражување покажало дека мажите кои им помагале на жените во кујната имале двојно повеќе секс од оние кои не го правеле тоа. Значи, овие се едноставни и паметни инструкции…