Голем дел од мажите мислат дека не прават и не можат да направат грешка, но факт е дека ниту еден маж не е совршен љубовник.
Неосетно стискање на градите
Секако дека ги сакате женските гради и дека тие треба да бидат активен дел од сексуалната игра. Сепак морате да бидете исклучително нежни, бидејќи тенка е границата помеѓу уживањето и болката низ целото тело, а особено на градите.
Ги заборавате ли бакнежите?
Никогаш не заборавајте ги бакнежите за време на сексот. Нека ги има што повеќе, особено на почетокот. Заборавањето на бакнежите и дивеењето само по нејзините ерогени зони може да направи партнерката да се чувствува многу непријатно. Затоa, не брзајте, правете сè полека, активно, вклучувајќи и многу бакнежи.
Недоволна хигиена
Ова е голема грешка која мажите ја прават често. Туширањето е правило број еден пред сексот. Доколку не сте истуширани пред сексот (или неколку часа пред) бидете сигурни дека партнерката ќе го почувствува тоа, ќе бидете одбивни, а вртењето на главата настрана нека не ве залажува дека е симптом на уживање.
Атак врз брадавиците
Оставете ги настрана илузиите кои сте ги создале од порно филмовите, како џвакање, тегнење и гризење на брадавиците. Можеби таа нема да ви каже ништо, но со сигурност тоа не ја возбудува. Тоа не значи дека тие не се ерогена зона, но со нив треба исклучително нежно и сензитивно, со нежно грицкање, до умерена граница. Доколку претерате, може да бидете виновни за непријатното чувство и болка кај партнерката.
Пребрзо со прстите
Секако дека моментите на страст прават многу брзо да отидете таму долу, меѓутоа ако мислите малку на женското уживање, треба да забавите. Почнете полека од стомакот, клиторисот, надворешните усни на вагината, за потоа да дојде на ред вистинското уживање.
Објавено во соработка со За Здравје.