Можеби звучи чудно или по малку откачено, но и мажите можат да лачат млеко и да дојат. Ова уште од одамна е потврдено, но денеска се прават нови современи и дополнителни истражувања во врска со оваа проблематика.
Многумина од вас можеби слушнале за таков случај – се работи за машка галактореа, која кај мажите не е нормална и се смета за патолошки процес. До оваа појава доаѓа кога е засегната хипофизата која поради некој надворешен причинител може да дава погрешни инструкции на телото и да доведе до лачење на млеко.
Најчесто до лачење на млеко кај мажите доаѓа кога се зема одредена терапија, често ова е случај кога се лекува рак на простата – лековите ја предизвикуваат галактореата, но се среќава и кај некои видови тумори на хипофизата и слични состојби.
Интерсен е фактот што низ историјата ова воопшто не била непозната појава. Постојат податоци кои укажуваат на фактот дека постоеле машки доилки во германските логори и во многу други војни. Научниците сметаат дека галактореата била предизвикувана со разни билки или слични лекови.
Млекото на мажите не е со иста количина и квалитет од она на жените, но според научниците и ден денеска во некои африкански држави се среќава овој тип на доење.
Сепак мора да се нагласи дека појавата на млеко од градите на еден маж е целосно патолошка состојба и доколку забележите такво нешто треба да побарате лекарски преглед.