Мажите, жените и сексуалниот врв

Жените го достигнуваат врвот на сексуалната самодоверба на 31-годишна возраст. Ова го покажува британско истражување меѓу 2000 мажи и жени на возраст меѓу 18 и 60 години. Резултатите покажуваат дека 31 година е возраст кога повеќето жени имаат доволно искуство во сексот, за да бидат посигурни во себе во креветот. Долгата врска, исто така им помага дамите да се изразуваат физички. Жените се најмалку убедени во сексуалниот однос на 25 години поради загриженоста во врска со обликот на своето тело. Учесниците во студијата требало да ја оценат самодовербата и степенот на задоволство во сексуална врска. Еден на секои четворица имаат „лош сексуален живот” во моментов.

Мажите се најсамоуверени во креветот  откако ќе наполнат 30 години, поточно на 33 години. Само 12% од испитаниците го опишуваат сегашниот сексуален живот како многу добар. Просечниот Британец го оценува сексуалниот живот со 5 од вкупно 10 поени. Според сите учесници најважниот елемент за среќниот сексуален живот е хемијата. Голем дел исто така сметаат дека комуникацијата и комфорот во присуството на другиот се поважни од привлекувањето.

 

44% ги опишуваат партнерите како добри во кревет. Според 30% сексуалниот живот е досаден, а една петтина споделуваат дека немаат авантури под покривката.

Мажите се три пати повеќе склони да го направат првиот чекор за секс. 45% од нив тврдат дека токму посилниот пол ја презема иницијативата. Само 15% од жените се повеќе активни во овој поглед. Колку повеќе сексуални партнери имал еден човек, толку почесто се наведува привлекувањето како важен елемент за добриот сексуален живот. 4 од секои 10 лица сметаат дека бројот на партнерите нема врска со тоа дали се добри во кревет или не . Повеќе од половина испитаници се согласуваат со тезата дека колку е подолга  врската, толку поубав е сексот. 44% веруваат во љубов на прв поглед. 23% од оние во врска сфатиле  дека сакаат да бидат со својот сегашен партнер само неколку часа откако се запознале со него.

Еден на секои десет го знаеле тоа уште во моментот кога ја виделе идната сопруга.

- Реклама -