Можеби имаат самодоверба и мислат дека се најдобри љубовници во светот, но некои од овие грешки сигурно ги направил секој маж.
Ова се најчестите машки грешки во креветот:
1. Чекаат жената да доживее оргазам
И жените сакаат да го доживеат големото О, но кога ќе сфатат дека мажите го очекуваат тоа или уште полошо, ги прашуваат дали е близу, сигурно поради притисокот нема да го доживеат.
2. Се обидуваат да ја заведат со техники
Ако само сака да слушне дека е секс машина и силно се труди да ја воодушеви во креветот, можеби би му било подобро да се занимава со некој спорт и таму да очекува резултати.
3. Се обидува да повтори некои секси сцени од филмови
На филмското платно се изгледа можно, убаво и удобно. Сексот на скали, на маса…Но, во реалниот живот тешко може да се надмине неудобноста и фактот дека нешто ве боде на грбот или немате доволно простор.
4. Ја прескокнува предиграта
Има ситуации кога веднаш може да се премине на акција, но во повеќето случаи предиграта не е на одмет.
5. Избегнува галење по сексот
Ова не треба да биде предолго, маратонско и заморно. Но, не треба ни веднаш да скокне од кревет за да запали цигара. Малку прегратки, бакнежи и галење по коса се сосема доволни.
6. Одбива кондом
Наоѓање на разни изговори само за да не стави заштита е незрело и по тоа прашање нема расправа.
7. Се грижи за големината
Грижата за големината на пенисот е „аут“. Жените може да дожвиеат оргазам и на друг начин и поради тоа запамтете – големината не е важна.
8. Ја убедува жената да направи нешто што не сака
Да и предложи нешто ново е во ред.Но, да ја убедува, уценува, здодева да направи нешто што не сака тоа е неприфатливо.
9. Очекува таа да биде воодушевена од оралниот секс
Оралниот секс не е лесен и не очекувајте и таа да доживее оргазам само затоа што ве задоволува. Не претерувајте.
10. Има идеја за тоа што е добра, а што лоша девојка
Да претпоставува дека девојката не е добра за брак затоа што се согласила на анален секс или не бара од неа затоа што смета дека е „добра девојка“ не е препорачливо. Да ги делите луѓето и да се водите со некои дискриминирачки предрасуди не е во ред.