Мажите признаа: Знаеме дека сме заљубени кога…

Девојките знаат како изгледа кога ќе ја загубат главата по некој, а за мажите е потребно малку подолго време да сфатат дека без некоја девојка нивниот живот нема смисла.Еве во кои ситуации тие дознаваат дека се крајно заљубени.

Поранешната е…поранешна

Кај поранешните девојки секогаш постои опцијата дека некогаш ќе се смират или повторно ќе се видат да ги разгорат страстите. Кога мажот сфаќа дека поранешната е само минато, тој сфаќа дека е заљубен во својата сегашна девојка.

Постојано му е во глава

Голем број мажи на почетокот на врската,  понекогаш и во текот на денот помислуваат на новата девојка. Но, кога таа ќе му се вовлече во главата нон – стоп, јасно му е дека е заљубен.

Го воодушевуваат маните

Ова важи и за жените и за мажите. Кога девојката ќе направи нешто на кое што не е горда, а мажот е воодушевен, значи дека е многу заљубен.

Не забележува други девојки

Нема маж на кој што нема „да му фати око“ згодна девојка, но кога е заљубен тој како да не ги гледа. Заљубениот маж не чувствува потреба дека треба да гледа во друг освен во својата девојка.

- Реклама -