Велат дека најчесто се каеме поради нешта за кои не сме виновни, а реално се свртеле против нас.
Но, постојат работи кои сме ги направиле, а поради кои исто така се каеме. Една од нив е изборот на партнери за секс. Ви претставуваме неколку приказни за каење кај мажите, кога станува збор за избор на партнерките.
Жал ми е поради омажената пријателка
– Долго бевме пријатели, а имавме односи, отако се омажи. И двајцата продолживме понатаму, но сега веќе не разговараме. Знам дека нема назад, но да можам да го вратам времето, не би го направил тоа.
Спиев со пријателка, додека нејзината врска беше на пауза
– Иако тоа беше нејзина замисла, да спиеш со пријателка додека нејзината врска е „на пауза“, е една од најголемите грешки. Таа набрзо се смири со дечкото, а нашиот однос стана повеќе од чуден.
Спиев со поранешната девојка, на мој пријател
– Спиев со поранешната девојка на добар пријател, а таа подоцна му кажала. Нашето пријателство заврши и тоа никогаш нема да си го простам.
Жал ми е што сексот го сфаќав премногу озбилно
– Го разбирав сексот многу озбилно, а честопати немаше потреба од тоа. Сексот треба да биде забавен, нема потреба да се создава притисок.
Спиев со сестрата на мојот најдобар другар
Го направив тоа, а тој се уште не знае. Не може да престанам да мислам на таа грешка кога и да го погледнам.
Ова се анонимни исповеди на читатели на магазинот “Womans Health”.