Половина од мажите секојдневно размислуваат за косата, а најмногу се плашат од нејзино паѓање затоа што таа им носи успех кај жените. Заради косата би се откажале и од омилениот пијалок.
Речиси 69 проценти од мажите се плашат од ќелавост затоа што веруваат дека густата коса им помага во освојувањето на жените, покажува британска студија.
Поради страв од губење на косата би се откажале од пиво и пороно филмовите, но не и од сексот. Само осум проценти за да ја задржат густата коса би се откажале од жешките игри во кревет, пишува Daily Mail.
Половина од мажите секојдневно размислува за овој проблем, и еднакво сравува од ќелавост и импотенција. За нега на коса, во просек, трошат околу 10 минути, додека 40 проценти мажи со деца трошат додатни шест минути. Некои од нив екстра внимание посветуваат на нега на косата, како фарбање и користат третмани за зголемување на волуменот, потрвдило истражувањето.