Кој почесто бара развод, мажите или жените?

Кој почесто сака да ги прекине брачните односи – мажите или жените?

razvod

Социологот од Универзитетот Стенфорд, Мајкл Розенфилд ги анализирал податоците од национално американско истражување насловено “Како се создаваат и зачувуваат паровите” за 2009-2015 година.

Тој зел податоци за 2262 возрасни од 19-94 години, кои во 2009 имале хетеросексуални односи. Само во 2015 година, 317 од нив се разделиле со партнерот.

Се покажало дека кај 69% од случаите разводот бил инициран од жената, а во 31% од мажот. Но вонбрачните сојузи се распаднале подеднакво по желба на мажот или жената.

Вообичаено е да се смета дека жените почесто иницираат развод, бидејќи почувствително се однесуваат кон проблемите во односите.

Мајкл Розенфилд смета дека ако тоа е така, тогаш тие подеднакво често ги прекинуваат и брачните односи, но и љубовните врски.

Според податоците од различни извори по 40-те години на минатиот век во САД барање за развод поднесува претежно жената.

Според научникот резултатите се совпаѓаат со тврдењата на феминистките за тоа дека за некои жени бракот е форма на угнетување.

„Според мене бракот заостанува зад она што се случува денес во општеството. При стапувањето во брак жените се уште го земаат презимето на сопругот, понекогаш под притисок. Мажите се уште се потпираат на тоа дека жените ќе вршат поголем дел од обврските по дома или грижата за децата. Од друга страна во вонбрачните односи партнерите не ги поврзуваат слични очекувања и стереотипи што ги прави повеќе флексибилни и прилагодени на современите услови “, смета Розенфилд.

- Реклама -