Читавме за тоа како 2014 беше година на брадата, ноември месец на мустаќите, а зимата – сезона на ламберсексуалците. Меѓутоа, многу жени би се согласиле дека ништо не предизвикува конфузија колку што е трендот со машките пунџи, за кои или сметаат дека се навистина секси, или пак воопшто не им се допаѓа.
Повеќе светски познати ѕвезди одеднаш започнаа да ја носат косата на овој начин, а веднаш по нив и остатокот од светот. Всушност, кон крајот на 2013 година оваа фризура го доживеа својот врв на модните писти, кога многу машки модели веќе го најавуваа овој тренд.
Но, „кој прв почна“?
Веројатно не ви падна веднаш на памет, но машката пунџа всушност е постара од повеќето фризури, со оглед на тоа што била секојдневие за самураите и работниците во древна Јапонија. Секако, овој тренд не се задржа се до новото доба, но тука беше Дејвид Бекам кој ја врати на „тронот“ на самиот почеток на новиот милениум.
После него уште неколку ѕвезди беа забележани во јавноста со оваа фризура, која им се допадна на нивните фанови, и се така додека таа не се рашири глобално.
Ниту Македонија не остана имуна на модниот тренд, па се почесто можат да се забележат момци кои го поддржаа овој стил. Но, понежната половина кај нас е со поделени ставови. Како вам ви се допаѓа дами?