Критичарите од движењето #metoo предупредија дека обвиненијата на мажите за сексуален напад би можеле да ја уништат нивната кариера, но во случај на познати личности како Бил Козби, Вуди Ален, Коби Брајант, Р. Кели и Доналд Трамп, тоа едноставно не се случило.
Во понеделникот вечерта, Бил Козби стоеше пред скромна публика во еден џез клуб во Филаделфија и саат време истураше шеги. И покрај тоа што до денес повеќе од 60 жени излегле во јавноста со обвинувања на сметка на забавувачот, дека ги има дрогирано и напаствувано, и дека почетокот на повторното судење врз основа на единствено обвинение за сексуален напад е закажан за април, Козби зборуваше за своето детство, па дури и се пошегува дека тој „некогаш бил комичар“.
Според АП, само една жена се побунила против неговиот настап таа вечер. Публиката инаку беше приемчива, се смееше заедно со обвинетиот кој во една прилика призна без извинување , за време на сведочењето под заклетва дека на младите жени им давал силни седативи за да има секс со нив избегнувајќи го одговорот на прашањето дали тие биле во позиција да дадат своја доброволна согласност.
Една заедничка критика против движењето #metoo е мислењето дека нус-продуктот на тоа што некои ќе излезат во јавноста за да споделат приказни за злоупотреба и напад ги уништуваат кариерите на талентираните мажи.
Но дали навистина се уништува кариерата по иницијативата на #metoo? За оние кои беа обвинети последниве месеци, останува да се види. Но, постојат 10 познати мажи кои биле обвинети или осудени за сексуален напад во минатото, но сепак имаат голем професионален успех.
Вуди Ален – режисер
Во 1990-тите овој познат режисер, наводно, сексуално ја напаствувал својата посвоена ќерка, тогаш седумгодишната Дилан Фароу, на поткровјето на станот додека нејзината мајка била на шопинг. Ален го негираше обвинението, тврдејќи дека мајката на Дилан, Миа Фароу тоа го кажува бидејќи тој се оженил со својата посвоена ќерка Сун Ји. После ова тој ја тужеше Миа Фароу за старателство. Судијата го отфрли барањето на Ален, наведувајќи во својата одлука дека однесувањето на Ален кон Дилан е „крајно несоодветно и дека мора да се преземат мерки за нејзината заштита“. Иако државниот обвинител имаше „основано сомневање“, тој никогаш не покренал обвинение, бидејќи, како што рече, сака да ја поштеди Дилан од тортура за време на судењето.
Денес глумците продолжуваат да се собираат за да работат со Ален, и покрај тоа што јавноста повторно се сврте кон неговите наводни злосторства. Тој е добитник на многубројни награди, меѓу кои и наградата „Сесил Б. Демил“ на доделбата на Златен глобус 2014, а оваа година излегува уште еден негов филм.
Бил Клинтон, поранешен претседател
Меѓу различните тврдења за недолично сексуално однесување и промискуитет на сметка на Клинтон за време на неговиот мандат како избран функционер, постои и едно за силување. Волонтерот на неговата кампања, Хуанита Бродрик , изјави за Дејтлајн NBC во 1999 година дека Клинтон кога бил кандидат за гувернер во 1978, дошол во нејзината хотелска соба и ја натерал да легне по што била силувана. Со тоа излезе во јавноста дури во 1990-тите поради тоа што службеничката од Арканзас ја поднела тужбата за сексуален напад против Клинтон додека тој бил претседател.
Видовме, обвинението за сексуално насилство не го спречило Клинтон по напуштањето на Белата куќа да ги уновчи неговите јавни настапи, да води кампања за Хилари за време на претседателските избори во 2016 година и да ја продолжи работата со неговата Фондација Клинтон.
Минатата година, тој и писателот Џејмс Патерсон објавија соработка околу нов политички трилер.
Коби Брајант, поранешен НБА играч
Во 2003 година, 19-годишна хотелска службеничка го обвини поранешниот играч на Лејкерси дека ја силувал во неговата хотеска соба во Колорадо. Брајант, кој рече дека средбата била на взаемно доброволна основа, изгуби после тоа еден куп договори, сепак, кривичната постапка е баталена следната година бидејќи службеничката одби да сведочи. Тој подоцна јавно се извини, велејќи во изјавата: „Иако оваа година за мене лично беше исклучително тешка, можам само да ја замислам болката што таа мораше да ја издржи“.
Откако случајот остана зад него, Брајант стана, како што тоа го дефинира Комесарот на НБА Адам Силвер во 2015, „еден од најголемите играчи во историјата на нашата игра“.
Неговата долга листа на достигнувања, вклучувајќи ги олимписките златни медали и водењето на тимот на неколку шампионати, беше посебно акцентирана со номинацијата за Оскар која минатата недела доби краток филм за неговото повлекување.
Си Ло Грин, пејач/рапер
Најмногу познат по неговите настапи со Гуди Моб и Нарлс Баркли, Грин беше осуден на три години условна казна и општествено полезна работа, откако во 2014 година се изјасни како “nolo contendere” на една кривична пријава за давање на контролирана супстанца на екстази. Една жена изјави дека Грин го „зачинил“ нејзиниот пијалак и ја силувал, и дека не се сеќава на периодот откако тие заедно вечерале. Обвинителите одлучија да не дејствуваат по обвинение за напад.
И покрај тоа, во 2015 година, Грин доби награда за вонредни постигнувања за време на доделување на наградата МОБО. Тој исто така се подготвува да издаде нова компилација и изјави за DJBooth дека направил половина од новиот албум за Нарлс.
Р Кели, пејач
Кели има долга историја на обвинувања за непристојно сексуално однесување со малолетни девојки, вклучувајќи две тајни секс снимки, таен брак и бројни граѓански тужби.
Во 2002 година тој беше ослободен од обвинение за детска порнографија врз основа на снимката на која наводно се гледа дека има секс со малолетнички (вклучувајќи ја и озлогласената сцена во која тој уринира во устата на девојчето).
Повторно, ова релативно малку се рефлектираше врз кариерата на Кели. По неговото славно судење, тој освои бројни награди, меѓу другото беше номиниран за NAACP Image Award 2004 година дедека сѐ уште беше под обвинение. Овој викенд има закажан настап во Њујорк.
Роман Полански, режисер
Познатиот режисер, во 1977 година ја призна вината за силување на тринаесетгодишно девојче. На 44-годишна возраст тој ја ангажирал Саманта Гајли како модел, и дал шампањ и силен седатив па имал секс со неа во куќата на Џек Николсон. Еден ден пред да се изрече пресудата, кога се очекуваше да добие казна затвор и до педесет години, Полански бега во Европа, каде оттогаш и живее.
Во последниве години, голем број жени изјавиле дека и тие наводно биле нападнати од Полански додека биле млади, една од тие со обвинение дека во тоа време имала само 10 години.
И повторно, како претходниве, така и Полански продолжи да снима филмови, да добива награди, вклучувајќи ја и наградата Оскар за најдобра режија за својот филм од 2003 година, Пијанист, и, тој сѐ уште е член на Академијата за филмска уметност и наука.
Доналд Трамп, американски претседател
До денес, најмалку 15 жени излегоа со приказната за злоупотреба и несакани сексуални напади од страна на претседателот на САД во текот на последните две децении. Меѓу нив и неговата поранешната сопруга , Ивана Трамп која има изјавено дека тој ја силувал во моменти на неговото дивеење во 1989 година. Иако во детали го опишува нападот во својата книга „Загубениот тајкун“ од 1993 година: Многуте животи на Доналд Џ. Трамп, на инсиситирање на адвокатите на Трамп, во книгата е вклучена и нејзината изјава дека силувањето не треба да се разбере во „буквален или кривичен смисол“.
Во 2016 година, една неименувана жена поднесе тужба во која вели дека Трамп ја силувал во 1994 година кога имала 13 години. Тужбата била повлечена четири дена пред претседателските избори поради „бројни закани“, изјавил нејзиниот адвокат.
Иако многу обвинувања против Трамп биле направени пред изборите во 2016 година, Трамп останува претседател на САД.
Мајк Тајсон, поранешен боксер
Тајсон беше осуден во 1992 година за силување на Дезире Вашингтон, осумнаесетгодишна учесничка на натпреварот за Мис на Америка во неговата хотелска соба. За време на нападот тој, наводно, се смеел додека Вашингтон плачела. За време на изрекување на пресудата, Тајсон му рекол на судијата: „Не дојдов тука да се молам за милост. Подготвен сум да го слушнам најлошото. Распнат сум на крстот и понижен од целиот свет“.
Тој беше осуден на шест години затвор а беше пуштен на слобода по три години.
Но, тоа што беше осуден за силување не ја запре кариерата на Тајсон. Вратена му лиценцата за боксување, ако сакате да знаете, влезен е во Меѓународната боксерска куќа на славни. Во текот на својот живот по завршувањето на боксерската кариера, има напишано две книги, се појави во многу телевизиски серии и филмови, а неодамна стана новото заштитено лице на австралиска компанија за сервисирање на автомобили. (Во рекламата се појавува веднаш до едвај облечени жени.)