Еден маж објавил бизарен оглас , во кој го нуди својот џип во замена за жена на една недела.„Џипот е исплатен . Пари не ми требаат . Барам исклучително жена” , напишал ентузијастот , пренесуваат агенциите.
Бараната жена е меѓу 18 и 50 години , се препорачува да е мажена за некого , на кој што му е потребен џип .
„Јас ви го давам својот автомобил , а вие оставете ја жена ви кај мене на една недела. Ќе ви ја вратам сопругата кога ќе ми го вратите автомобилот . Испрати ми слики на жена ти , по можност гола ” , напишал уште мажот во огласот .
Не се соопштува колку одговориле на предлогот .