Жителот на Чикаго, Клинтон Шепард поставил нов рекорд по долго возење на панорама, за да влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Шепард, менаџер на забавниот парк во Чикаго, помина во кабина 48 часа, 8 минути и 25 секунди. На секој час му било дозволено да одмора по 5 минути.
Според зборовите на 32-годишниот рекордер, за да не заспие, тој играл видео игри и гледал филмови со Џејмс Бонд и Бетмен. Освен тоа , разговарал и до членови на групата на Твитер, која го поддржувала. Локалните ресторани го снабдувале со храна и пијалаци, меѓу нив и локалот на легендарниот кошаркар Мајкл Џордан.
Претходниот рекорд по долго возење на тркало беше 30 часа и 35 секунди. Тој беше поставен во јули 2012 година од страна на Канаѓанецот Роби Гибсон.
Панорамското тркало е измислено од Џорџ Вашингтон, Гејл Ферис Џуниор. Првото било изградена во 1893 година за Светската изложба „Светот на Колумбо”, што се одржува во Чикаго, како американски одговор на Ајфеловата кула, изградена за Светската изложба во Париз од 1889 година
Дијаметарот на тркалото е 75 метри, неговата маса – 2000 тони, а управувано е со помош на 2 парни машини со моќност од 1000 коњски сили. Кон тркалото се прикачени 36 кабини приближно со големина на автобус. Во секоја од нив има 20 места за седење и 40 места за стоење, а на тој начин вкупниот капацитет на тркалото изнесува 2160 лица. Секое вртење на тркалото трае 20 минути.
Иако е околу 4 пати помало од Ајфеловата кула, панорамското тркалото во Чикаго е повисоко од кој и да е облакодер од тоа време.