Maxblaster: Фенер кој (буквално) ќе ве запали

fenerПостојат луѓе кои сметаат дека обичните фенери не даваат доволно јака светлина. Еден од тие луѓе е оптичкиот инжинер Ралф Отто – но во неговиот случај доволно светлина е нешто слично на светлината произведена од една ѕвезда. Имено, Отто дома си направил фенер, кој наместо стандардна сијалица користи сијалица со плазма од жива. Резултатот е фенер од 38 милиони кандели, силно фокусиран светлосен зрак и големо ултра-виолетово зрачење не толку различно од зрачењето на една ѕвезда.


Постојат луѓе кои сметаат дека обичните фенери не даваат доволно јака
светлина. Еден од тие луѓе е оптичкиот инжинер Ралф Отто – но во
неговиот случај доволно светлина е нешто слично на светлината
произведена од една ѕвезда. Имено, Отто дома си направил фенер, кој
наместо стандардна сијалица користи сијалица со плазма од жива.
Резултатот е фенер од 38 милиони кандели, силно фокусиран светлосен
зрак и големо ултра-виолетово зрачење не толку различно од зрачењето на
една ѕвезда.
 

fener1

Секако Отто ставил стакло со УВ филтер на својот фенер, но дека тоа не е доволно за да се заштити сфатил и сам кога едно утро забележал во огледалото дека и покрај тоа што не бил изложен на сонце имал изгореници на челото. Кривецот бил очигледен – Maxblaster. Овој фенер напојуван од 54 батерии може да осветли облак на растојание од 6,5 километри или да осветли куќа од истото растојание. Исто така може да предизвика скоро моментални изгореници на кожата ако се изложи директно на неговиот зрак. 

Фенер од овој калибар не е погоден за секојдневна употреба. Би бил корисен за комуникација со вселената но за тоа веќе имаме безжична врска, а и ретко кој ја знае Морзеовата азбука денес. Единствена работа за која ваков фенер би бил незаменлив е борба против вампири. Дури и самиот Ралф Отто изјавува: „Ова не е фенер кој би го користеле за прошетка на вашето куче ноќе. Овој фенер би го испекол вашето куче“. [popsci]

- Реклама -