Maceo Plex го објави својот нов албум „93“, а истовремено го објави и филмот ,,Watch’’ кој ќе го придружува албумот.
Кубанско-американскиот продуцент и третото студиско LP на диџејот доаѓа како пријатно изненадување и првично беше планирано да се објави во февруари. Наместо тоа, фановите сега ќе имаат можност поскоро да го слушнат албумот, откако истиот беше објавен деновиве.
Насловот ја означува тридецениската вклученост на уметникот во заедницата и индустријата за електронска музика, од раните почетоци во 1993 година, кога тој беше во своите тинејџерски години. Во годините кои поминаа оттогаш до сега, Плекс беше поврзан со различни стилови, вклучувајќи го и неговиот славен електро псевдоним Мариел Ито.
Стилски, неговото ново дело го отсликува токму тоа, комбинација од бас, техно, брејкови, електроника, хип хоп и хаус. Се појавуваат голем број соработки од висок профил, вклучувајќи ги Пери Фарел од иконите на алтернативниот рок Тајлер Хил, Дезир, Кубиколор, Кирсти Хокшо, Мистик Бил, АВНУ, Џовани и многу други.
Покрај самиот албум , промовиран е и филм за изведба на албумот, во кој учествуваат Мацео Плекс, бројни негови соработници, како и актери.