Го прифаќате ли предизвикот? Следната задача му се припишува на Лав Толстој. Се смета дека тој ја измислил за учениците од втора година на парохиските црковни училишта.
Наводно, средношколците ја решаваат со успешност од 30%, учениците со 20%, а банкарите, економистите и финансиските институции – со 10% успешност.
Имате 1 минута за да го дадете точниот одговор.
Еден продавач продава шапки. Една шапка чини 10 рубљи. Доаѓа муштерја и сака да купи, но има само eдна банкнота од 25 рубљи. Продавачот го испраќа чиракот со овие 25 рубљи кај сосетката, за да ги раситни. Момчето се враќа и носи 10 + 10 + 5 рубљи. Продавачот ја дава шапката и враќа кусур од 15 рубљи. По некое време доаѓа сосетката да се жали дека оние 25 рубљи се лажни и си ги бара парите назад. Тоа е што е – продавачот посегнува во касата и ги враќа парите.
Прашањето е: За колку е „насамарен“ продавачот?
Решението е на следната страна.