Mate 8: суперхерој на Huawei

Огромна батерија и се подобра камера во новиот предводник на Huawei.

Една од најважните најави на технолошкиот саем CES 2016 е новиот предводник – Mate 8.

Смартфонот доаѓа со 6-инчен Full-HD IPS дисплеј со заштитно свиткано Corning Gorilla Glass 4 стакло. Екранот е малку поголем од 5,7-инчниот дисплеј на Nexus 6P, создаден во соработка меѓу Huawei и Google. Односот меѓу екранот и целиот корпус е прилично висок – 83%.

Иако телефонот е доста голем, стои изненадувачки удобно во раката, коментираат технолошките новинари кои направиле тест на уредот на CES.

618x312

Телефонот е напојуван од чип Kirin 950, кој би требало да влијае врз продуктивноста со 100%, графичкиот процесор – со 125 проценти, а ефикасноста на батеријата – до 70%, во споредба со стариот модел – Kirin 250. Овде повторно има разлика со Nexus 6P кој работи со последниот процесор на Qualcomm. Уредот ќе излезе на пазарот во две верзии – со 3 или 4 GB RAM, како и со вградена меморија до 32, 64 или 128 гигабајти (последните две опции одат задолжително со 4 GB RAM) . Цената на моделите за Европа ќе биде соодветно 599/699 евра.

Камерата на Mate 8 располага со 16 мегапиксели сензор IMX298 на Sony. Селфи-камерата нуди 8 MP. Huawei најавија дека вложиле 98 милиони долари за да ја развијат технологијата зад камерата во рок од 3 години.

По примерот на Apple – кинескиот производител е сконцентриран на своите напори не врз пикселите, туку врз технологијата за обработка на сликата.

Huawei создадоа прв стандарден екран процесор за слики, кој ја подобрува “брзината на фокусот, и ја зголемува јасноста и прецизноста на сенките кај боите”.

620x231

Една од најимпресивните карактеристики е огромната батерија со моќност 4000 mAh – сериозен напредок пред онаа на Nexus 6P. Од Huawei тврдат дека таа би требало да му овозможи на Mate 8 да работи речиси два дена целосно при нормална употреба.

Што се однесува до софтверот, Mate 8 доаѓа со Android 6.0 Marshmallow, но со оперативниот систем на Huawei EMUI 4.0. Изгледот на фабричкиот софтвер на Huawei е направен така што потсетува доста на iOS на Apple.

Од Huawei го позиционираат Mate 8 како “уред кој ги задоволува потребите на еден нов бизнис-стил. Ова е брз телефон со безпогрешен дизајн со кој корисниците можат да работат уште поефикасно”.

- Реклама -