Холивуд ги открива тајните на Скиентологијата (видео)

Иако The Master, новиот филм на Пол Томас Андерсон и неговиот прв по There Will Be Blood од 2007 што беше номиниран за „оскар“, во октомври ќе биде прикажан во светските киносали, веќе предизвика бурни контроверзи.

Филмот зборува за животот на основачот на еден таен култ во педесеттите години од минатиот век до Калифорнија, а многумина веќе препознаа дека станува збор за основачот на Скиентолошката црква, Рон Хабард.

Познато е дека Филип Сејмор Хофман го толку ликот на Ланкастер Дод, човекот што основа свој верски проект. Ејми Адамс ја глуми неговата сопруга, додека Жоакин Феникс глуми млад и проблематичен ученик на Дод. Ако овој склоп ви делува познато, тоа е затоа што се верува дека The Master е екранизација на животот на Хабард, со оглед на тоа што неговата реална сопруга и онаа на Дод во филмот делат исто име, Мери Сју.

– Не знам што сте слушнале и кое сценарио сте го читале – изјави Сејмор Хофман минатата година, демантирајќи ги гласините дека филмот, всушност, зборува за скиентологијата.

Во мај весникот New York Times пишуваше дека режисерот Андерсон сака да му го покаже филмот на Том Круз. Двајцата работеа заедно во филмот Magnolia од 1999 година, кој заслужено му донесе номинација за „оскар“ на Круз. Меѓутоа, New York Times тогаш објави дека Том изразил незадоволство поради некои филмски елементи, иако не беше познато за кои детали станува збор. Андерсон наводно сакал да му го покаже филмот на Џон Траволта, кој е уште една ѕвезда меѓу скиентолозите.

Филмот денеска го доби и официјалниот постер, а досега се прикажани два трејлери. Иако официјалната премиера е закажана за 12 октомври, Huffington Post пишува дека The Master веќе се очекува со големо нетрпение.

{youtube}EpFzJXQMgCE{/youtube}

- Реклама -