Масовно затворање на пабови во Англија и во Велс поради зголемени трошоци


Во Англија и во Велс во просек се затвораат по 80 пабови месечно, бидејќи сопствениците имаат намалена потрошувачка и високи трошоци за енергија и за храна. Во првите три месеци од годинава дури 239 пабови се урнати или се пренаменети, објави заводот за статистика ONS. Ова значи дека Англија и Велс губат во просек околу 80 пабови месечно, за 56 отсто повеќе отколку на почетокот на минатата година.

Повеќето пабови се затворени во северозападниот дел на Англија, вкупно 35, според извештајот на ONS.

Во 2023 година, 472 пабови низ Англија и низ Велс се трајно затворени. Бројките го одразуваат влијанието на високите трошоци за енергија и храна, намалената лична потрошувачка и значителното даночно оптоварување на угостителскиот сектор, според сопствениците на пабовите.

Заедно со празните и изнајмените пабови, Англија и Велс имаа 39.162 пабови на крајот на март, речиси исто како и на крајот на минатата година, според податоците од специјалистите за комерцијална сопственост Altus Group.

- Реклама -