Компанијата Мајкрософт соопшти дека презема „акции за ублажување“ на проблемите пријавени од корисниците, кои предизвикаа технички проблеми и прекини во функционирањето на компаниите и банките ширум светот.
Компанијата истражува прашања поврзани со обезбедувањето на клауд услугите во САД, како и проблем што влијаеше на неколку нејзини апликации и услуги, се вели во соопштението.
Во Австралија, голем број банки, медиуми и авиокомпании известија дека се изложени на масовен ИТ напад и нарушување на комуникациите. На аеродромот во Сиднеј откажани се летови, во супермаркетите е хаос, а нарушени се и програмите на ТВ мрежите поради дефект на компјутерските системи и графиката.
Само неколку часа пред Австралија, неколку американски авиокомпании исто така пријавиле дека морале да ги откажат или одложат летовите поради проблеми со ИТ-врските.
Причината за нарушување на ИТ секторот не е јасна, но многу засегнати го поврзаа со оперативните системи на Мајкрософт. Компаниите како што се Џетстар и Вирџин Ерлајнс пријавија проблем во врска со Мајкрософт.
Банките и фирми како Телстра и Гугл, исто така, регистрираа тешкотии.
Проблеми имаше и со летовите на аеродромите во Берлин, Шпанија, и со сите летови на американските компании, меѓу кои и Делта јунајтед и Американ ерлајнс.