Масната храна го зголемува ризикот за депресија дури за 58 отсто.
Британските научници откриле дека масната и висококалорична храна може да предизвика депресија при што на поголем ризик е изложен женскиот пол. Истражувањето покажало дека за разлика од масната храна, најголеми борци против депресијата се овошјето, зеленчукот и рибата.
Во истражувањето учествувале две групи на испитаници. Првата консумирала органска, а другата индустриска храна. Ризикот за депресија кај испитаниците, а особено кај жените кои консумирале индустриска храна која изобилува со големи маснотии, бил за 58% поголем за разлика од другата група.
Кај останатата група која се хранела со природна храна ризикот за депресивни емоции бил за 26% помал.
Експертите утврдиле дека масната храна содржи недостиг на антиоксиданси кои го заштитуваат организмот и масни киселини кои се неопходни за мозочната активност, а тоа негативно влијае врз психичката стабилност.
Други причини поради кои треба да го ограничите количеството на масна храна се термичката обработка и високото ниво на холестерол кои влијаат дестимулирачки врз психичкото здравје што може да биде чекор кон депресија.