Маскирани лица го симнале црковното знаме до крстот на Попова Шапка и ставиле знаме на Албанија

Две маскирани лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентитан преку камери за видео надзор.

-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија.  информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сега полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

За потсетување, денеска Албанија ја слави 111-годишнината од прогласувањето на својата независност, а истовремено 28 ноември е и за Ден на албанското знаме, вклучително и во Македонија.

- Реклама -